Дома Топ вести Шеикот го носи Нејмар во Манчестер Јунајтед, ако успее да го купи клубот

Шеикот го носи Нејмар во Манчестер Јунајтед, ако успее да го купи клубот

Шеикот Хамад ал-Тани доколку успее да го купи Манчестер Јунајтед сака да започне револуција на „Олд Трафорд“ со доведување на Нејмар.

Катарецот вчера ја испрати финалната понуда од 5.5 милијарди фунти, притоа тој обезбедил средства за реконструкција на „Олд Трафорд“ и големи инвестиции за засилувања на тимот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во моментов Ал Тани е фаворит за купување на Манчестер Јунајтед, а медиумите тврдат дека прво засилување може да биде Нејмар.

ПСЖ е спремен да го продаде Бразилецот на лето, но само мал број клубови можат да си ја дозволат неговата висока плата.

„Сан“ тврди дека самиот Нејмар има желба да заигра во Премиер лигата, а новите сопственици на Јунајтед нема да имаат проблем да обезбедат финансии за неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…