Дома Фудбал Германија Шалке победи и се искачи на врвот во Цвајт, Чурлинов одличен

Шалке победи и се искачи на врвот во Цвајт, Чурлинов одличен

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одличен натпревар за Шалке 04 кој славеше на гости кај Сандхаузен и така го преземе врвот во втората Бундеслигата.

До врвот на табелата Шалке дојде поради киксот на Вердер Бремен, а двата гола во триумфот од 2:1 против Сандхаузен беа дело на Тероде, но важна улога одигра и Чурлинов. Првиот гол Тероде го постигна откако се најде на вистинското место после погодената статива на Чурлинов.

Голот за победа во 91. минута Шалке го постигна токму од акција која тргна преку македонскиот фудбалер кој го пронајде Идризи, а тој му асистираше на Тероде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓ…