Репрезентативците на Хрватска жалат за вечерашниот пораз од Шведска (31:35), но се надеваат дека ќе победат на следните неколку натпревари во следната фаза, каде ќе издејствуваат и пат кон полуфиналето на ЕП.

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ ги искажа своите импресии од натпреварот со Шведска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не ми падна така тешко поразот, повеќе ми пречи што ги разочаравме навивачите кои не бодрат уште од првиот ден на ова ЕП, немаше воопшто свирежи, не испратија на најдобар можен начин, од срце им се заблагодарум ва за тоа.Се повтори старата скандинавска школа, ако ги пуштиш на почетокот и ги разгалиш, после тешко ќе ги фатите и контролирате. Шведска овој пат беше подобра од нас. Првите два меча постигнавме по 22,23, а сега 17 на полувремето. 35 голови е сериозна бројка за еден сериозен ракомет кој се игра на турнири. Не е лесно, но кога противникот е подобар од почеток до самиот крај, поразот и не паѓа така тешко“, истакна Чупиќ за медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ал Итихад потврди: Бензема поради една причина мораше да се врати во Мадрид

Познатиот француски фудбалер Карим Бензема итно се врати во Мадрид за да се лекува од повр…