Дома Останати Чилиќ и Беретини позитивни на Ковид, се повлекоа од Вимблдон

Чилиќ и Беретини позитивни на Ковид, се повлекоа од Вимблдон

Поради позитивен резултат на тестирање на корона вирусот од турнирот се повлекоа Марин Чилиќ и Матео Беретини

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот тенисер денеска требаше да го одигра мечот против Мекензи МекДоналд, но неговото место ќе го заземе среќниот губитник од квалификациите, Португалецот, Нуно Боргес.

Инфекцијата со Ковид-19 може да го загрози и натамошното учество на турнирот на Новак Ѓоковиќ, кој до неделата заедно тренираше со Хрватот, но барем до овој момент нема индиции дека и тој може да добие позитивен резултат.

Пред денешниот настап позитивен резултат на тестирањето имаше и еден од фаворитите за трофејот Матео Беретини кој во попладневната програма требаше да се соочи со Чилеанецот, Кристијан Гарин и неговото место ќе го заземе Елијас Имер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Призна и Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата (Видео)

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал проговори за важноста на бројките кога станува зб…