Дома Топ вести „Чизмата“ му е судбина: Фабрегас има три понуди на маса!

„Чизмата“ му е судбина: Фабрегас има три понуди на маса!

Цеск Фабрегас оваа сезона има мала минутажа кај Антонио Конте бидејќи италијанскиот стратег на средината од теренот го преферира тандемот Матиќ – Канте.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради тоа Фабрегас е незадоволен и е спремен да ја промени средината. Меѓутоа, Конте не му дозволува да го напушти „Стенфорд Бриџ“ во јануари бидејќи смета дека Шпанецот ќе му биде потребен во битката за титулата.

Сепак, јасно е дека по завршување на сезоната Фабрегас ќе ја промени средината и ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, а медиумите тврдат дека има понуди од трите гиганти во Серија А.

Имено, Милан, Интер и Јувентус се силно заинтересирани за неговите услуги и веќе испратиле понуди до неговиот агент, па најверојатно Фабрегас ќе ја продолжи кариерата во Италија.

Останува само да видиме кој од споменатите три клуба ќе биде неговиот следен избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…