Дома Фудбал Останато Чеферин јасен: Лага е дека првенствата ќе се прекинат!

Чеферин јасен: Лага е дека првенствата ќе се прекинат!

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин потенцираше дека ако националните шампионати се прекинати шампиони сигурно нема да бидат актуелните лидери.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во медиумите се појави информација дека постои можност УЕФА да ги прекине сите национални првенства и шампиони да бидат тимовите кои се актуелни лидери.

После вчерашниот состанок на УЕФА јасно е дека прекин на првенствата нема да има, а Чеферин потврди дека веста е лажна.

„Видов лажни вести за тоа дека УЕФА испратила совети првенствата да се прекинат и шампиони да бидат актуелните лидери. Морам да ви кажам дека тоа не е вистина. Наша цел е првенствата да завршат и ништо друго не сме препорачале на некого“.

„Не можам да ви гарантимар дека првенствата ќе завршат до 30. јуни, иако тоа е наша желба. Не би било фер актуелниот поредок да биде прогласен за краен“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …