Дома Топ вести Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Скаути на Челзи го следеле Компајнерс на дуелот со Ливерпул во Лига Европа и останале импресионирани, па сакаат да ја победат конкуренцијата за неговиот потпис.

Аталанта е свесна дека нема да може да го задржи и е спремна да го продаде на лето, но за неговата слобода ќе бара 70 милиони евра.

Сепак,  Челзи  ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи за  Холанѓанецот интерес  покажуваат уште Ливерпул, Јувентус  и  Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…