Раководството на Челзи веќе почна да го засилува тимот за следната сезона, па после двата „мирни“ трансфер прозорци на „Стенфорд Бриџ“ се спрема богата трансфер кампања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сините“ веќе го обезбедија потписот на Хаким Зијех од Ајакс за 40 милиони евра,но тоа е само почеток.
Како што пренесуваат англиските медиуми следна мета на Челзи е ѕвездата на Лион, Хусем Ауар.
Францускиот фудбалер блеска оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Челзи наводно веќе ги започнал преговорите и спремил понуда од 50 милиони евра.
Лион тешко дека ќе може да ја одбие таквата понуда, но „сините“ треба да ја победат конкуренцијата пред се од Јувентус.