Дома Трансфер зона Челзи не го дава ветеранот, нов договор за Тиаго Силва

Челзи не го дава ветеранот, нов договор за Тиаго Силва

Тиаго Силва минатото лето пристигна во Челзи и веднаш се етаблираше во клучна фигура во одбраната на „сините“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот во првата сезона ја освои Лигата на шампиони, а и оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во тимот.

Тиаго Силва не ја крие желбата да остане уште една сезона во Челзи и да биде во форма за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Челзи исто така сака да го задржи 37-годишниот дефанзивец и двете страни започнале преговори за продолжување на соработката до јуни 2023 година.

„Скај Спорт“ пренесува дека наскоро Тиаго Силва ќе стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…