Англискиот премиерлигаш Челзи веќе подолго време има проблем со расистите помеѓу навивачите и се одлучија против ваквата појава да се бора на навистина уникатен начин.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович по потекло е евреин и донел одлука за борбата против расизмот помеѓу навивачите да се бори на посебен начин.
Од сега секој навивач кој ќе навредува на расна основа ќе има избор – да оди во Аушвиц и да добие повеќе информации или да ја изгуби сензонската влезница.
„Доколку само ги казните однесувањето не се менува. Сега сакаме да ги запознаеме со пеколот или сезоната на трибините за нив да биде завршена. Изборот ќе го оставиме на нив. До овој момент ги казнувавме со забрана за присуство на стадионот од три недели, месец, година, но работите не се подобрија. Сега на оние кои ќе навредуваат на расна основа ќе им дадеме шанса сами да видат каде погрешиле“, соопштија од англискиот клуб.
