Дома Трансфер зона Челзи и Наполи прават интересна трампа

Челзи и Наполи прават интересна трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Наполи започнале преговори за трампа на своите напаѓачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последната вест од Островот е дека „сините“ се насочиле кон напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс.

32-годишниот Белгиец ја игра последната сезона во Наполи и на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот како слободен агент, па ова е шанса за италијанскиот клуб да заработи на него.

„Скај Италија“ тврди дека Челзи веќе го контактирал Наполи и агентот на играчот, па започнати се преговорите за негов трансфер во Лондон.

Тимот на Гатузо нема да има време да донесе адекватна замена, па за возврат го побарал напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру, кој е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“.

Сите страни се заинтересирани за зделката да се комплетира што побрзо, а најголем проблем може да претставува високата плата на Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…