Дома Трансфер зона Челзи договори напаѓач од Виљареал за 35 милиони евра

Челзи договори напаѓач од Виљареал за 35 милиони евра

Челзи потроши многу во изминатите два преодни рока, но и покрај тоа на тимот му е потреба реконструкција предводена од Маурисио Покетино кој се враќа во англискиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кристофер Нкунку беше договорен уште во зимскиот преоден рок и наскоро се очекува официјализација на ово јтрансфер, од Лион треба да пристигна Мало Густо за 30 милиони евра, а денес пристигна и нова информација.

Според последните информации, Челзи ја активирал клазулата и ќе го доведе Никола Џексон од Виљареал за 35 милиони евра.

Станува збор за Сенегалец кој на 20-ти јуни ќе наполни 22 години и игра на позицијата напаѓач. Сезонава играше одличен фудбал, постигна 13 голови и подели пет асистенции. Челзи беше најконкретен, а шпанскиот тим е спремен да прифати и исплата во три рати.

Челзи се поврзуваше и со фудбалери како Лаутаро Мартинез и Виктор Осимен, меѓутоа тие трансфери во овој момент не изгледаат така реално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…