Дома Фудбал Челзи го ослободува Конте за Милан

Челзи го ослободува Конте за Милан

Антонио Конте е прв избор на Милан за заменик на Џенаро Гатузо, но единствена пречка е судскиот процес кој италијанскиот тренер во има со Челзи, пренесува „Газета дело Спорт“.

Конте и во текот на летото беше поврзуван со клупата на Милан, а неубедливите резултати на стартот на сезионата повторно ги разгореа шпекулациите за смена на Гатузо.

Во моментов Конте е без ангажман, но се уште е под договор со Челзи и го тужеше англискиот клуб за отказот кој го доби ова лето. Италијанецот бара 10 милиони евра како компензација за предвремено раскинување на договорот.

Последните информации од Островот говорат дека Челзи е спремен да го ослободи Конте така што двете страни да направат спогодба. Во тој случај италијанскиот тренер ќе биде спремен да седне на клупата на Милан.

Во секој случај се ќе зависи од резултатите на „росонерите“ во следните три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет месеци чекање, па шпалир и аплаузи: Савона повторно на терен! (Видео)

Николо Савона се врати на тренинзи на трева по тешката повреда на коленото, а соиграчите и…