Дома Топ вести Челзи го нуди Канте и пари за Асенсио

Челзи го нуди Канте и пари за Асенсио

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио е главна трансфер цел на Челзи, пренесува „Дон Балон“.

Раководството на „сините“ го сака еден од најталентираните млади фудбалери во Европа и нема да жали пари да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според информациите на „Дон Балон“, Челзи е спремен на „кралскиот“ клуб да му го понуди Нголо Канте и одредена сума пари за потписот на Асенсио.

22-годишниот Асенсио во 2013 година пристигна во Мадрид и веднаш ја покажа својата класа. Тој стана миленик на навивачите, а раководството во него гледа како иден столб на тимот.

Поради тоа тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе ја прифатат понудата и покрај фактот што Зидан е симпатизер на играта на Канте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…