Дома Топ вести Чави прави ремонт, шест ѕвезди заминуваат од Барса

Чави прави ремонт, шест ѕвезди заминуваат од Барса

Барселона синоќа беше елиминирана од Лигата на шампиони, а Чави призна дека тоа е реалност за Каталонците во моментов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чави спрема голема ревулуција во тимот и веќе отпишал неколку фудбалери, а некои од нив ќе заминат уште во јануари.

Шпанските медиуми пренесува дека Чави му рекол на претседателот на клубот Лапорта дека не смета на Умтити, Ленгле, Нето, Кутињо, Лук де Јонг и Брајтвајт и дека тие би можеле да го напуштат клубот веќе во јануари.

Тоа значи дека Барселона во следните два преодни рока ќе мора да биде многу активна на трансфер пазарот и да донесе адекватни засилувања.

Притоа, Чави сака да бидат донесени замени за Жерер Пике и Жорди Алба, кои нема да бидат продадени, но најверојатно нема да бидат стартери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…