Дома Трансфер зона Чави инсистирал: Ќе изгледа ли вака Барселона во новата сезона? 📸

Чави инсистирал: Ќе изгледа ли вака Барселона во новата сезона? 📸

Барселона и ова лето поминува низ бројни финансиски проблеми, но управата работи со полна пареа да го засили тимот на Чави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако пристигна Илкај Гунгодан, а наскоро ќе биде официјализиран и Ињиго Мартинез, мета е Марсело Брозовиќ кој ја одби последната понуда од Саудиска Арабија. Каталонските медиуми пишуваат дека Чави побарал од управата до крај да се бори за потписот на Хрватот кој сака во Барселона, наводно и затоа ги одбил Саудијците.

Интер ја прифати понудата од 23 милиони евра на Ал Наср, меѓутоа Барселона толку не може да плати. Со Брозовиќ Барселона би добила замена за Бускетс, а кога го има и Гундоган Чави може да ја примени тактиката на Пеп од Манчестер Сити.

Чави би заиграл во формација 3-2-4-1, а на градиката тоа изгледа навистина моќно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…