Дома Трансфер зона Чави добива засилување од Манчестер Сити?

Чави добива засилување од Манчестер Сити?

Фудбалерот на Манчестер Сити, Калвин Филипс би можел да ја засили Барселона до крајот на зимскиот преоден рок.

Одреден каталонски медиуми пренесуваат дека Чави во англискиот фудбалер гледа привремено решение. Планот на Барселона наводно е да го доведе Филипс на позајмица без обврска за откуп, но неговиот откуп нема да биде толку едноставен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Филипс сака редовна минутажа со цел да се наметне кај англискиот селектор Герет Саутгејт за Европското првенство 2024 година, а покрај тоа би морал да се откаже од дел од платата за Барселона да остане во границите на фер-плејот.

Сити исто така мора да прифати да покрие дел од платата на Филипс, сепак се наведува и дека Барселона и англискиот гигант се во добри односи. Во изминатите неколку години видовме како: Ерик Гарсија, Серхио Агуеро и Илкај Гундоган се преселуваа од „Етихад“ во Каталонија.

Манчестер Сити за услугите на Филипс летото 2022 година плати 50 милиони евра, меѓутоа фудбалерот не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…