Дома Останати Кошарка Црвена Звезда трумфално, Антиќ не влезе во игра

Црвена Звезда трумфално, Антиќ не влезе во игра

Кошаркарите на Црвена Звезда со победа ја започнаа одбраната на титулата во АБА лигата, откако во првото коло го победи Морнар со 88:77.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целосно реновираниот тим на актуелниот АБА шампион, со новиот тренер Душaн Алимпијевиќ, го реши прашањето на победникот во првото полувреме кога стекна 17 поени предност.

Матијас Лесор со 22, односно Тејлор Рочести со 17 поени, 7 асистенции и 4 скока беа креатори на првата сезонска победа на Црвена Звезда.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ победата на својот тим ја гледаше од клупата на резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…