Дома Трансфер зона Хулк ќе ја напушти Кина, Премиер лигата може да му биде следна дестинација

Хулк ќе ја напушти Кина, Премиер лигата може да му биде следна дестинација

Бразилскиот фудбалер, Хулк после четири години ќе го напушти кинескиот Шангај ШИПГ и ќе се врати во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хулк пред четири години од Зенит за 60 милиони евра се пресели во Шангај и беше убедливо најплатен фудбалер во Кина.

Неговиот договор со Шангај завршува на крајот на месецот, па Хулк се спрема за враќање во Европа.

„Разгледувам многу понуди од Бразил, но и од многу други клубови ширум Европа. Имам понуди од Турција, Португалија, Англија, Шпанија, Италија и Германија“, изјави Хулк пред неколку дена.

Сега медиумите го објавија и можниот клуб.

Наводно, Вулверхемптон размислува како замена за повредениот Раул Хименез да се обиде да го доведе Хулк. Ќе потсетиме Хименез заработи тешка повреда во дуелот со Давид Луиз и подолго време ќе биде надвор од терените.

Проблем за да се реализира оваа зделка би можела да биде платата, Хулк во Вулвс би морал да прифати намалување и сигурно нема да може да смета на сумата од 400.000 евра која му се исплаќаше во претходните четири години во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…