Дома Трансфер зона Хулк пред враќање во Европа: Ќе биде соиграч и со Македонец!

Хулк пред враќање во Европа: Ќе биде соиграч и со Македонец!

Според најавите на турските медиуми Бразилецот Хулк е пред враќање во Европа.

Како што стојат работите Хулк наскоро ќе биде промовиран во нов фудбалер на турскиот клуб, Адана Демирспор каде што настапува македонскиот дефанзивец Јован Манев.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најавите се дека Хулк ќе потпише договор веднаш по отварањето на преодниот рок во Турција на 12. јануари.

Минатата сезона Хулк го носеше дресот на бразилскиот Атлетико Минеиро и не одигра лоша сезона. На 46 одиграни натпревари поранешниот напаѓач на Порто постигна 29 гола.

Хулк во кариерата најмногу се прослави со настапите во Порто каде што играше од 2008 до 2012.

Подоцна го носеше дресот на Зенит и кинескиот Шангај СИПГ од каде што дојде во Атлетико Минеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…