Дома Фудбал Хрватска за прв пат во историјата загуби домашен натпревар во евроквалификациите

Хрватска за прв пат во историјата загуби домашен натпревар во евроквалификациите

ХРВАТСКА загуби од Турција со 1:0 во Осиек во шестото коло од квалификациите за ЕП 2024.

Единствениот стрелец беше Јилмаз во 30. минута по катастрофалната грешка на Доминик Ливаковиќ.

Ова беше убедливо најлошиот натпревар за Хрватска во овие квалификации и избраниците на Златко Далиќ можат да бидат среќни што загубија само со минимален резултат.

Ова е прв пораз за Хрватска во квалификациите за ЕУРО, а водечката Турција сега има три бода повеќе, а Хрватска има натпревар помалку.

Ерменија и Велс заостануваат три бода зад избраниците на Златко Далиќ. Не само што ова е прв пораз за Хрватска во овие квалификации, туку и досега во евроквалификациите.

Значи, ова е историски пораз на хрватската репрезентација. Досега Хрватска беше единствената репрезентација која не загубила (29-8-0), но вчера Турците успеаја да ја прекинат таа серија и да ја изненадат третата репрезентација во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Топката со која Марадона ја испиша историјата продадена за рекордна сума

Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна прочуениот гол “Божја рака̶…