Дома Фудбал Останато Холандскиот прволигаш кој освои трофеј во 2017 година е пред згаснување

Холандскиот прволигаш кој освои трофеј во 2017 година е пред згаснување

Холандскиот прволигаш Витесе ќе згасне бидејќи нема доволно пари да ги исплати долговите, пренесуваат холандските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Постоеше последна шанса клубот да биде преземен од Гус Франк, сопственикот на „Аксиос партнерс“, фирма со седиште во Швајцарија, но тој се откажа и сега клубот е пред банкрот.

Извесно е дека Витесе ќе згасне бидејќи е во безизлезна ситуација. Холандскиот сојуз му ја одзема лиценцата за играње во прва и втора лига. Минатата сезона завршија како последнопласирани на табелата со само шест бода. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојување на купот во 2017 година.

Според информациите на популарната страница „Трансфермаркт“, Витесе во овој момент има на располагање само 13 фудбалери, додека останатите си заминаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вечерва не очекува ново полуфинале во Лигата на шампионите

АТЛЕТИКО и АРСЕНАЛ никогаш досега не ја освоиле Лигата на шампионите, а победникот од нивн…