Дома Фудбал Германија Хејнкес призна: Тешко е да се работи со Робен!

Хејнкес призна: Тешко е да се работи со Робен!

Баерн Минхен забележа голема победа на гостувањето во Дортмунд, што беше седма победа на Јуп Хејнкес во исто толку натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Трениравме многу интензивно и применивме нов начин на работа на тренингот што беше многу тешко да играчите. Против Дортмунд одигравме феноменално. Тимот беше мотивиран и максимално сконцентрирам, па морам да ги пофалам“, изјави Хејнкес, а потоа го прокоментира Арјен Робен.

„Робен не е само врвен фудбалер, тој е пример за многу други фудбалери. Не е лесно да се работи со него, но тој живее за фудбал. Затоа е многу важен дел од нашиот тим, тој е тимски играч кој многу работи и во одбрана“.

„Во изминатите четири недели завршивме многу добра работа на тренинзите, но исто така сакам да го пофалам и медицинскиот тим. Ова е успех на целиот клуб, не само на играчите. Тешко беше да се предвиди пред еден месец дека во овој период ќе имаме 6 бода предност пред Борусија и четири пред Лајпциг“, заклучи искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…