Дома Фудбал Хаос во Париз: Курзава излезе пред стадионот да слави со навивачите, а потоа реагираше полицијата

Хаос во Париз: Курзава излезе пред стадионот да слави со навивачите, а потоа реагираше полицијата

ПСЖ синоќа ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 во реванш натпреварот од осминафиналето во ЛШ.

Парижаните со победата се пласираа во четвртфиналето бидејќи во првиот натпревар Дортмунд славеше со 2:1.

Овој натпревар поради коронавирусот се играше пред празни трибини, но голем број навивачи на ПСЖ се собраа пред Паркот на принцевите за да му дадат поддршка на својот тим.

После натпреварот Курзава ги шокираше сите кога излезе пред стадионот и почна да слави со навивачите. После тоа реагираше и полицијата која го врати играчот во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српскиот фудбал во управувачки ќор-сокак: УЕФА може да го преземе ФСС

Нема кандидат за наследник на Драган Џајиќ, а истекува и мандатот на Собранието. Меѓу можн…