Дома Кошарка Хаос во НБА: Леброн намерно удри кошаркар на Детроит и беше исклучен 🎥

Хаос во НБА: Леброн намерно удри кошаркар на Детроит и беше исклучен 🎥

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси славеа во изминатата ноќ на гости против Детроит со 116:121.

Лејкери во еден интересен натпревар успеаа да дојдат до победата. Иако Пистонси пред почетокот на последната четвртина имаше двоцифрена предност. Гостите подобро го отворија мечот и првата четвртина ја добија со 30:26, но Детроит во втората заигра многу подбро. Потоа следуваше нова добра четвртина за Детроит. Меѓутоа Лејкерси во последната беа фантастични, ги надиграа и ја добија со 37:17.

Деталот кој го обележи овој натпревар се случи на почетокот на второто полувреме кога во дуел беа Леброн Џејмс и Исаиах Стјурат. Во еден дуел Џејмс со лакт во лице го удри Стјуарт и настана хаос на паркетот. Дојде до голема гужба и турканици, а судиите едвај успеаа да ја смират ситуација. На крајот се донесе одлука Леброн да заработи директно исклучување за прекршокот. До тој момент Џејмс постигна 10 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ТФТ бара враќање на победите, Штип шанса за првенец во елитата

Четвртото коло во кошаркарската Суперлига почнува со дуелот меѓу ТФТ и Штип во Скопје. Дом…