Дома Трансфер зона Халиловиќ го напушта Милан, а на негово место Гатузо добива нов Хрват?

Халиловиќ го напушта Милан, а на негово место Гатузо добива нов Хрват?

Ален Халиловиќ е блиску до заминување од Милан.

Тренерот Џенаро Гатузо не е задоволен од неговите настапи. Халиловиќ не доби многу прилика, а кога играше не покажа голем квалитет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватот до овој момент одигра 58 минути во два натпревари против Дуделаж од Луксембург.

„Не бев задоволен како нашите крила се движеа против Дуделаж. Халиловиќ можеше да додава, но место тоа секогаш дриблаше“, изјави тренерот на Милан после победата од 5:2 против Дуделаж.

Сега Италијаните пишуваат дека во Милан се спремни да го пуштат Халиловиќ во зимскиот преоден рок и на неговот место да доведат друг Хрват – Марко Рог од Наполи.

Рог во Наполи оваа сезона има седум настапи и еден погодок, меѓутоа се погласни се шпекулациите дека и тој ќе замине со цел да добие поголема минутажа во друга средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…