До борбата за титулата ВБЦ шампион во супертешка категорија измеѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт остана повеќе од месец ипол, но психолошките игри веќе почнаа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На конференцијата за медиуми која беше закажана во вторник не се појави Вајт. Според изјавите на луѓето од штабот на Тајсон Фјури се што побарал било исполнето, а потоа почнал да бара нови услови.




„Слушнав дека не сака ниту да биде неговиот лик на постерот со кој се најавува борбата. Тоа не е убаво. Меѓутоа свесен е веројатно и тој дека се зависи од мене и дека во Лондон ќе има „one man“ шоу“.




Борбата е закажана на 12. април на „Вембли“.




„Искрено мислам дека не постои ниту најмал промил шанса да изгубам од Вајт. Мојата самодоверба е најголемата предност. Точно знам што и колку можам. Вајт би го победил со една врзана рака и со една нога“, изјави Фјури.