Дома Останати Тенис Фуриозен старт на Надал во Мексико

Фуриозен старт на Надал во Мексико

Шпанецот Рафаел Надал со победа стартуваше на турнирот во Акапулко.

Надал беше подобар од Денис Кудла, 100. тенисер на АТП листата во овој момент. Шпанецот славеше сигурно со 2:0 во сетови. По сетови беше 6:3 и 6:2. Со овој триумф Надал ја потврди одличната форма забележувајќи ја 11. победа во низа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Шпанскиот ас немаше никакви проблеми во текот на натпреварот и не се соочи со ниту една брејк топка на свој сервис и до победата дојде за еден час и 17. минути.

Со освојувањето на Австралија Опен и овој триумф Надал го изедначи својот најдобар старт на сезоната со 11. победи во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…