И денеска во јавноста се пишува за колабирањето на Еван Ендика од редовите на Рома во натпреварот против Удинезе. Натпреварот беше прекинат во 72. минута и не се доигра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ноќта фудбалерот на „волчицата“ ја помина во болница каде што беше префрлен од стадионот во Удине.
Тестовите покажале дека Ендика немал срцев удар како што беше првично бојавено. Денеска „Газета дело Спорт“ пишува за една од можните причини.
Наводно, ударот кој го имал Ендика во 38-та минута од Лоренцо Лука од Удинезе во градите придонел да се соочи со потешкотии во дишењето. Се наведува дека тој удар предизвика пуланола компресија која довела до фибрилации кои предизвикале да почувствува болки во градите и колапс.
Ваквата теорија се уште не е потврдена, меѓутоа ако е така тогаш е добро затоа што брзо би се вратил на терените.