Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерите до 16 години на пенали ја победија Романија

Фудбалерите до 16 години на пенали ја победија Романија

Maкедонските фудбалери до 16 години денес на пенали ја победи Романија во контролниот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во регуларниот дел на натпреварот немаше погодоци, па потоа во договор на двете селекции се изведуваа пенали и тука бевме подбри со резултат 5:4.

Селекцијата која ја води Драган Канатларовски најдобрата шанса имаше во второто полувреме преку Георг Стојановски. Одлична шанса не искористи и Дашмир Елези.

За Македонија денес настапија: Стефан Тасев, Марко Ристов (66` Никола Павлевски), Бљенд Зекири, Енис Буќи (89` Борјан Попоски), Матеј Ангелов (66` Давид Љушев), Дашмир Елези (84` Огнен Здравковски), Георг Стојановски (66` Михаил Талевски), Бесар Гуџуфи (80` Матео Софијановски), Игор Јаневски, Мите Митев (80` Мирче Стоилов), Хамса Меметриза (66` Матеј Ѓорѓиев);

Во четврток во 11 часот двете селекции ќе одиграат втор контролен натпревар.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …