Дома Трансфер зона Фрнцуската супер ѕвезда кој е мета на премиерлигашите на чекор од Серија А

Фрнцуската супер ѕвезда кој е мета на премиерлигашите на чекор од Серија А

Mладиот чувар на мрежата најверојатно се сели на Апенините.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Голманот на Тулуз Албан Лафон е во рангот на најталентираните голмани на планетата. Има 19 години стандарден е во францускиот клуб, а запиша и три настапи за селекцијата до 20 години на „триколорите“.

Момчето родено во Буркина Фасо во тековната сеозна запиша 32 настапи за Тулуз, а на 12 од нив успеа да ја сочува „чиста“ својата мрежа.

Бројни клубови го следат неговиот развој, во Франција пристигнуваа скаути на Арсенал, Њукасл, Вотфорд, па дури и Реал Мадрид, но како што стојат работите кариерата би можел да ја продолжи во Италија.

Имено, Рома и Наполи се спремни да испратат свои понуди за услугите на младиот Лафон. Според информациите на „Л’Eкип“ двата клуба се спремни да понудат по 10 милиони евра за младиот голман на Тулуз.

Познато е дека Наполи останува без Пепе Реина кој по истекот на договорот на крајот од сезоната се сели во Милан. И Рома би можела да остане без својот чувар на мрежата, но за разлика од Наполи би можеле добро да заработат бидејќи за нивиот Алисон Бекер е мета на најголемите европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…