Дома Трансфер зона Францускиот клуб подготвен да го доведе Оливие Жиру

Францускиот клуб подготвен да го доведе Оливие Жиру

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола призна дека сака да го доведе Оливие Жиру во Лига 1, во текот на летото.

Жиру неодамна се пожали дека „иднината ќе му биде тешка“ во Челзи, доколку управата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ го откупи договорот на Гонзало Игуаин.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сакав да го доведам Жиру уште минатото лето, дури го повикав и Венгер да видам кои се опциите. Разговаравме во текот на Светското првенство, кога бев во Москва. Тогаш трансферот не беше возможен. Постои интерес да го доведеме и ова лето. Малку време остана за зимскиот трансфер период. А во овој момент имаме добар тим“, изјави Ола.

Францускиот фудбалер во Премиер лигата е уште од 2012. година, кога од Монпелје се пресели во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов тро…