Светскиот првак Франција денеска против Шведска ја стартува главната фаза на Европското првенство. Селекторот Дидие Динар за втората рунда реши да направи две измени во составот.

Во францускиот состав се враќа Лука Карабатиќ, кој не играше во првиот дел од првенството поради повреда на скочниот зглоб. Тој се повреди пред две недели на еден пријателски натпревар против Египет. Иако селекторот Динар најавуваше дека нема да брза со Лука Карабатиќ поради повредата, тој ги изненади сите со одлуката толку рано да го врати во составот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карабатиќ ќе го замине Бенџамин Афгур, додека Динар се реши за уште една измена, па на трибините се преселува Тимотеј Енгесан, кој го повреди коленото со Белорусија, а во конкуренција влегува ракометарот на Нант, Роман Легард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…