Дома Фудбал Германија Франк Рибери доби понуда, одлуката е само негова!

Франк Рибери доби понуда, одлуката е само негова!

Франк Рибери после 12 години ќе ги напушти редовите на минхенски Баерн.

Баварците одлучи дека овој 36-годишен фудбалер нема да му биде потребен и ги поминува последните месеци во редовите на Баварците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извесно е дека Рибери ќе ја продолжи кариерата, но се уште не е познато каде. Понуди има, а последната дојде од далечната Австралија.

Интерес за неговите услуги покажа екипата на Вестерн Сиднеј, кој клуб го предводи поранешниот репрезентативец на Германија и фудбалер на Баерн, Маркус Бабел.

Тамошните медиуми тврдат дека контакт е веќе воспоставен. Бабел разговарал со фудбалерот, но за сега не е познато каков одговор добил.

Ако Рибери одлучи да му се придружи на овој тим, тоа за клубот ќе биде голем потег. Рибери и со 36 гдини поседува квалитет и може да придонесе уште многу.

Првенството во Австралија од година во година привлекува се повеќе европски фудбалски имиња. Претходно во оваа лига играа Дел Пиеро, Емил Хески, Роби Фаулер и уште многу други.

Вестерн Сиднеј оваа сезона не игра најдобро. Моментално се на 8. позиција на табелата во лига со 10 клубови и има 17 освоени бода. Седум од тие 17 ги освоија на последните три натпревари.

Рибери без никаква дилема ќе им претставува големо засилување и со него фудбалот во Австралија би добил дополнителна популарност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…