Дома Трансфер зона (Фото) Дали ова фотографија е доказ дека Руни си заминува од Манчестер Јунајтед!?

(Фото) Дали ова фотографија е доказ дека Руни си заминува од Манчестер Јунајтед!?

Заминувањето на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, за коe се шпекулира цела сезона, би можело да се случи ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот напаѓач се помалку добива шанса во првиот тим на Манчестер Јунајтед и јасно е дека за него повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“. Се погласни се приказните, а сега дополнително ги разгоре и потегот на „Црвените ѓаволи“ на Фејсбук.

Додека тој со своето семејство се наоѓа на одмор во соседна Грција, Руни беше „отстранет“ од насловната на Манчестер Јунајтед на фејсбук, што oстава малку простор да се верува дека и следната сезона ќе игра на „Олд Трафорд“.

Руни претходно беше заедно со Погба, Ерера и Лингард за да го промовираат новиот гостински дрес, но на најновата слика која што се појави на официјалниот веб-сајт на Јунајтед се сите тука, освен Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…