Дома Фудбал ФОТО: Голема промена – Дали е можно вака да изгледа новиот дрес на Хрватска?

ФОТО: Голема промена – Дали е можно вака да изгледа новиот дрес на Хрватска?

Фудбалската репрезентација на Хрватска со нови дресови ќе настапи на Светското првенство во Русија.

Порталот „Footy Headlines“ објави и фотографија од гостинскиот сет, кој прв пат по осамостојувањето ќе биде во црно-сина боја, а дизајнот е идентичен како и за црвено-белата верзија.

Ракавите на дресовите ќе бидат целосно црни, на едната страна е грбот на Хрватска, а на другата знакот на Најк во портокалева боја. Исто така, штуцните и броевите на дресовите се во портокалова боја.

Целата приказна треба да се стави под знак прашалник, бидејќи Најк и ХНС се уште ништо не потврдија, но и не демантираа дека ова е новиот резервен дрес, меѓутоа она што ќе го објави споменатиот портал на крајот е вистинската работа.

Како ви се допаѓа новиот хрватски дрес? Сличен ваков дрес во минатото имаа Холанѓаните…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото блескаше под кошевите, синот е пред фудбалски повик од БиХ

Давид Сесар, 18-годишниот дефанзивец на Лучко и син на Јосип Сесар, го привлече вниманието…