Тренерот на Барселона, Ханси Флик без „дипломатски ракавици“ призна дека неговиот тим оваа сезона може да триумфира во најелитното натпреварување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барселона утре ја започнува авантурата во Лигата на шампиони против Монако.
„Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони. Големите клубови како Барса сакаат да освојуваат титули и Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во светот. Подготвени сме да играме против најдобрите“.
„Не ме интересира минатото, треба да се фокусираме на сегашноста. Имаме серија на победи во Ла Лига и треба да останеме фокусирани што е неопходно кога стартувате во ЛШ. Што и да се случувало во минатото, останува во минатото“, изјави Флик.