Дома Македонски спорт Мак фудбал ФИФА ранг листа: Скокнавме три позиции и го повторивме најдобриот пласман во последните осум години

ФИФА ранг листа: Скокнавме три позиции и го повторивме најдобриот пласман во последните осум години

Репрезентацијата на Македонија се најде на 68-то место на најновата ФИФА ранг листа.

Во квалификациите за Европското првенство во 2020 година Македонија имаше одличен старт. Отворивме со победа против Летонија од 3:1 на домашен терен, а потоа одигравме реми на гости против Словенија (1:1) и мора да се каже дека имавме добри прилики да го добиеме и овој натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победата и ремито беа доволни за Македонија да го повтори најдобриот пласман кој го имаше во последните осум години.

Сега со освоени 1350 бодови се наоѓаме зад ОАЕ, а пред Гвинеја.

Кога е нашата група во од квалификациите за ЕП во прашања Израел скокна осум позиции и сега е на 84-тата позиција, Австрија забележа голем пад 11 места (34-та позиција), Словенија е пет места пред нас на 63-тата позиција, Летонија е 134-та, додека Полска и понатаму е најдобро рангирана на 20-тата позиција.

Кај првото трио на врвот промени немаше, Белгија е лидер и зад неа следуваат Франција и Бразил. Англија напредуваше една позиција на сметка на Хрватска и сега „Гордиот Албион“ е на четвртата позиција, додека Хрватите се петти. Уругвај ја помина Португалија на шестата позиција и тоа се единствените промени во топ 10.  На осмата, деветтата и десеттата позиција останаа репрезентациите на Швајцарија, Шпанија и Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…