Дома Фудбал Репрезентации ФИФА отвори постапка против Хрватска поради национализам

ФИФА отвори постапка против Хрватска поради национализам

Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) отвори истрага против Хрватскиот фудбалски сојуз за случувањата на натпреварот за трето место на Светското првенство против Мароко, пренесува Агенцијата Франс Прес (АФП).

АФП наведува дека ФИФА отворила постапка поради можно кршење на членовите 13 и 16 поради дисциплинскиот кодекс, а тие се однесуваат на дискриминација, односно ред и сигурност на натпреварите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ФИФА во своето официјално соопштение не наведува детали за постапката, но се споменува видео снимка која се појавила на дрштвените каде што хрватските фудбалери го слават третото место со песни со националистичка содржина.,

Еден од играчите кои се појавува на видео снимката е Дејан Ловрен кој за АФП изјави дека станува збор за песни со кои искажуваат љубов кон својата татковина и не навредуваат никого.

Исто така ФИФА отвори и постапка против Аргентинскиот фудбалски сојуз поради непримерно однесување на неколкумина аргентински фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…