
Познатиот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој за време на Светското првенство беше дел од тимот на експерти на американскиот „Фокс Спорт“ го прокоментира финалниот дуел каде што Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и по втор пат во својата историја стана светски шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во таа прилика, поранешниот фудбалер ги спомена своите предвидувања пред започнувањето на турнирот, откривајќи и за која репрезентација навиваше поради своите семејни корени.
“Ако ме прашавте пред турнирот, ќе ви кажев дека Шпанија ќе го освои трофејот. Но,, срцето ми беше за Хрватска бидејќи од таму потекнувам,” изјави тој.
Ибрахимовиќ и пред финалната фаза ги фаворизираше избраниците на Луис де ла Фуенте, истакнувајќи дека Аргентина не може да се потпре само на борбеноста и генијалноста на Лионел Меси.
Неговото предвидување се покажа точно бидејќи Црвената фурија го контролираше темпото на натпреварот, а отпорот на Гаучосите, кои останаа без исклучениот Енцо Фернандез, беше скршен од Феран Торес во 106. минута по асистенција на Нико Вилиамс.
Новиот светски шампион на спектакуларен начин ја освои титулата, примајќи само еден гол во осум натпревари, по што претходно ги елиминираше Австрија, Португалија, Белгија и Франција.
Инаку, славниот голгетер е роден во Малме, во семејство на Шефик од Босна и Херцеговина и Јурка Гравиќ од Хрватска, а во дресот на Шведска стана најдобар голгетер со 62 постигнати голови.