Дома Фудбал Италија Фиорентина и Каљари се сеќаваат на Астори

Фиорентина и Каљари се сеќаваат на Астори

Репрезентативната пауза заврши, играчите се враќаат во своите клубови, а следниот натпревар за овие два италијански клуба е шанса за многу убав гест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Давиде Астори почина на 4. март оваа година, а поголемиот дел од својата кариера ја помина токму во овие два клуба, па така следниот натпревар е прилика да се сетат на овој играч.

Астори почина во 31. година од животот, тој 8 сезони беше играч на Каљари, додека за Фиорентина настапи 3 сезони. Токму овие два тима се среќаваат во недела, од 18 часот, а направена е специјална кореографија во знак на спомен на Астори.

Неговото семејство синоќа присуствуваше на една презентација која беше посветена на починатиот Астори, презентацијата беше на Сардинија.

Фиорентина во недела ќе се обиде да продолжи со своите одлични натпревари оваа сезона. Го пречекува Каљари, а се надеваат дека со оваа посебна атмосфера ќе стигнат и до петтата победа дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Kejn го сруши „проклетството“ на Англија на Светското Првенство после 60 години

Фудбалската репрезентација на Англија го забележа важен триумф во осминафиналето на Светск…