Дома Трансфер зона Фиорентина експресно најде замена за Влаховиќ

Фиорентина експресно најде замена за Влаховиќ

Душан Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус, а Фиорентина експресно му најде замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Фиорентина е во напредни преговори со напаѓачот на Базел, Артур Кабрал.

23-годишниот Бразилец игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски клубови. Тој оваа сезона веќе има постигнато 27 гола.

Кабрал има договор со Базел до јуни 2023 година, а Фиорентина за неговиот потпис ќе плати 15 милиони евра.

Во Фиорентина претходно пристигна и крилниот напаѓач од Лил, Иконе, па клубот верува дека двајцата ќе можат достојно да го заменат Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…