Дома Фудбал Останато Фердинанд за епската ноќ во Москва: Мислев готово е, треба да му бидеме балгодарни на дождот (ВИДЕО)

Фердинанд за епската ноќ во Москва: Мислев готово е, треба да му бидеме балгодарни на дождот (ВИДЕО)

Maнчестер Јунајтедво 2008 година ја освои титулата во Лигата на шампионите во драма која не се заборава.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ноќта во Москва беше среќа за „црвените ѓаволи“, а трагичар беше легендарнито фудбалер на „сините“, Џон Тери. Во едно од своите интервјуа по завршувањето на кариерата Тери призна дека тој натпревар ќе го прогонува до крајот на неговиот живот, без разлика што подоцна тој ја освои Лигата на шампионите.

Сега Рио Фердинанд кој деновиве е активен во интеракција со фановите откри што си мислел кога Тери одел да го изведе пеналот.

„Кога видов дека Тери е последен, си кажав готово е. Многу пат претходно го гледав како изведува пенали на тренинзите во репрезентацијата и никогаш не промаши. Сигурен бев дека е завршено и се изненадив кога топката не влезе во голот. Треба да му бидеме благодарни на дождот таа вечер, тој беше наш сојузник“, објасни Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…