Дома Фудбал Англија Тери го откри најголемото разочарување: Не им дадов поддршка на Де Брујне и Салах

Тери го откри најголемото разочарување: Не им дадов поддршка на Де Брујне и Салах

Легендарниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери откри кое е неговото најголемо разочарување како капитен на „сините“ од Лондон.

Мохамед Салах и Кевин де Брујне како млади таленти пристигнаа во Челзи, но не се снајдоа најдобро на „Стенфорд Бриџ“, па беа продадени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа е моето единствено разочарување како капитен бидејќи мислам дека со текот на времето се прилагодив на таа улога. Не им дадов доволно поддршка на Де Брујне и Салах. Кога тие беа во Челзи, веројатно бев многу строг и барав дисциплина во тимот. Фактот дека не се вклопија во тимот веројатно беше првиот знак дека им треба утеха, дека им треба некој со кого ќе седнат и ќе разговараат“.

„Можев ли да им помогнам да се снајдат подобро? Мислам на тоа особено затоа што после тоа направија многу во нивните кариери. Разочаран сум од себе како капитен, но мило ми е што станаа тоа што се. Никогаш не би рекол дека ќе го достигнат тоа ниво кога играа во Челзи“, искрен беше Тери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енрике по поразот: Знаевме дека ќе биде тешко…

ПСЖ вчера беше поразен од Борусија Дортмунд и сега ќе се надева во реваншот на свој терен …