Дома Фудбал Англија Фергусон го посетил тренингот на Манчестер Јунајтед

Фергусон го посетил тренингот на Манчестер Јунајтед

Големиот пораз на Манчестер Јунајтед од Ливерпул во неделата се уште е тема во медиумите на Островот.

За Манчестер Јунајтед тоа беше болен пораз, еден од најтешките во историјата, а многумина го обвинуваат менаџерот Оле Гунар Солскјер. Судбината на Норвежанецот и понатаму е неизвесна. Директорите Ед Вудвард и Ричард Арнолд имале разговор со Солскјер и на него сега му е јасно дека неговатап озиција е загрозена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во меѓувреме денешниот тренинг на Манчестер Јунајтед го посети легендарниот Сер Алекс Фергусон. Најуспешниот менаџер во историјата на клубот и денес следи се што се случува во Јунајтед и сигурно дека неговиот збор има влијание.

Фергусон на тренингот му искажал поддршка на Солскјер. Сепак, ако играта и резултатите на Јунајтед не се подобрат јасно е дека Солскјер ќе биде смеент. Интересно е што експертот за трансфер Фабрицио Романо пишува дека Пол Погба донел одлука да остане во Јунајтед само ако Солскјер замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јовиќ останува во Милан

Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат о…