Дома Останати Кошарка НБА Феноменалните Рапторси ги разбија Вориорси во „Оракл Арената“ за ново водство! (ВИДЕО)

Феноменалните Рапторси ги разбија Вориорси во „Оракл Арената“ за ново водство! (ВИДЕО)

Торонти Рапторс победија како гостин во „Оракл Арената“ кај Голден Стејт со резултат 109:123 и така поведоа со 2:1 во финалната серија од НБА лигата.

Фантастичен натпревар одиграа Рапторси и максимално го искористија неиграњето на Кевин Дурант и Клеј Томпсон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од самиот почеток Рапторси беа подобар тим. Вориорсите само во ретки ситуации успеваа да го следат ритамот на тимот од Канада, но не направија ништо повеќе од тоа.

Актуелните шампиони само еднаш водеа во овој натпревар и тоа на стартот од натпреварот. Предноста на Рапторси во главно се вртеше околу двоцифрена разлика, а на полувреме се замина со 52:60.

Идентична слика на паркетот беше видена и во второто полувреме. Тимот од Торонто не дозволи Вориорсите да направат ништо, апсолутно ги надиграа и на крајот заслужено победија и поведоа со 2:1 во серијата.

На НБА шампионите не им помогна ниту фантастичниот Стеф Кари. Кари постигна 47 поени додаде осум скокови и подели седум асистенции, но сам не можеше повеќе.

На дргуата страна кошаркарите на Рапторс одлично шутираа, а имаа и голем број расположени кошаркари.

Леонард уфрли 30 поени и додаде седум скокови и шест асистенции, одличен беше и Ловри со 23 поени девет асистенции. Зад нив следуваа Дени Грин и Паскал Сиакам со по 18, Марк Гасол уфрли 17 и со таква игра на своите кошаркари беше невозможно Торонто да го изгуби овој меч.

Наредниот натпревар повторно се игра во „Оракл Арената“ и Вориорсите за тој натпревар ќе можат веројатно да сметаат барем на Клеј Томпсон.

https://youtu.be/3DFMN9JOhy0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…