Дома Фудбал Останато Фенербахче испратил понуда до Јоаким Лев

Фенербахче испратил понуда до Јоаким Лев

Според информациите на турските медиуми, Фенербахче му понудил договор на Јоаким Лев до 2024 година.

Лев е без ангажман откако ја напушти функцијата селектор на Германија, па сега Фенербахче се обидел да го доведе во своите редови откако Витор Переира си замина.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што говорат информациите Турците веќе ја испратиле својата прва понуда за две ипол годишна соработка со Германецот и сега се чека одговорот на Лев.

Лев селектор на Германија беше од 2006 година после Мундијалот кој се одржа во неговата земја, а под негово водство Германија го освои Светското првенство во 2014 година и играше финале на Европското во 2008 во кое изгуби од Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…