Дома Фудбал Останато Фелипе Мело: Во Бразил се ротиравме за повеќе да го удираме Меси

Фелипе Мело: Во Бразил се ротиравме за повеќе да го удираме Меси

Бразилскиот играч за врска Фелипе Мело зборуваше за дуелите со Лионел Меси.

Мело е еден од играчите кои најмногу се паметат по нивниот темперамент и агресивност кои ги покажуваше каде и да стигнаше. Бразилецот сега раскажа една интересна анегдота.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меси е посебен, не се плаши. Кога ќе го удриш тој само станува и продолжува каде што застанал. За мене е помеѓу најдобрите три играчи во историјата, луд е. Кога со Бразил игравме против него се ротиравме за почесто и повеќе да го удираме. Навистина е тешко да чувате еден таков играч“, изјави Мело.

37 годишниот Мело денес настапува за Палмеирас, а во кариерата играше уште за Интер, Галатасарај, Јувентус, Фиорентина, Алмерија, Расинг Сантандер, Мајорка, Гремио, Крузеиро и Фламенго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …