Дома Трансфер зона Фекир се поврзуваше со Ливерпул и Реал, а сега прави изненадувачки трансфер?

Фекир се поврзуваше со Ливерпул и Реал, а сега прави изненадувачки трансфер?

Набил Фекир имаше одлична сезона зад се себе во дресот на Лион поради што го привлече вниманието на многу клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Французин се поврзуваше од Реал Мадрид и Ливерпул, па се до Арсенал, Милан и Рома, но и натаму е играч на Лион.

Сепак, сега пристигнуваат информации дека играчот постигнал договор со Бетис според кој треба да потпише петгодишен договор и ќе има годишна плата од 7 милиони евра.

Фекир е во последната година од договорот со францускиот клуб и токму тука Бетис ја гледа својата шанса да ја заврши работата.

Наводно, шпанскиот клуб би платил помеѓу 25 и 30 милиони евра на Лион, а целата работа би требало да биде завршена откако Бетис ќе го продаде Џовани Ло Селсо кој е достапен за 70 милиони евра.

Фекир лани беше пред трансфер во Ливерпул за 60 милиони евра, но договорот пропадна во последен момент, а ова лето неговото заминување е се поизвесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…