Дома Останати Федерер: Моите рекорди и достигнувања не се „безбедни“

Федерер: Моите рекорди и достигнувања не се „безбедни“

federer

Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а смета дека Рафаел Надал може да го надмине неговиот рекорд по бројот на освоени Гренд Слем титули.

„Имам чуство кога денешниот тенис е во прашање, дека сите сме подеднкаво добри на сите подлоги, а кога ќе влезете во вистински ритам тешко може некој да ве запре. Исто така вашите рекорди и достигнувања не се „безбедени“ како што тоа беше случај пример во минатиот век“, изјави Федерер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Швајцарец во јануари стигна до јубилејниот 20 трофеј со четири најголеми и најважни турнири во „белиот спорт“, додека Шпанецот се наоѓа на второто место на листата со четири помалку.

„Никогаш не сум размислувал за крајот, искрено, така беше пред стартот на овогодинешниот турнир во Австралија. Имав чуство дека сум толку блиску до тоа повторно да победувам и да освојувам титули, дека сум на чекор од првото место и дека можам да ги победувам најдобрите“, истакна Роџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…